📽 337 УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ЈА ПОГОДИЈА РУСИЈА, МОСКВА Е ВО ХАОС, ИМА ЖРТВИ Ова е најголемиот напад врз Кремљ од почетокот на војната

Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, објави дека едно лице загинало, а 3 лица се повредени во нападот, на 2 локации лоцирани во пошироките предградија на руската престолнина.

1,065

Русија синоќа беше под напад со 337 украински беспилотни летала, а московскиот регион, каде што загина едно лице, беше една од целите на најголемиот напад на руска територија од почетокот на руската офанзива во Украина, во февруари 2022 година, објави Си-Ен-Ен.

Нападот се случи неколку часа пред почетокот на преговорите во Саудиска Арабија меѓу украинските и американските претставници за барање решение за конфликтите во Украина, во време кога администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се залага за нивно брзо завршување.






„Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 337 украински беспилотни летала, од кои 91 беа во регионот на Москва“ и 126 во областа Курск, која граничи со Украина“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Цел на нападот биле и регионите Брјанск и Белгород кои се граничат со Русија, како и Рјазан, Калуга, Воронеж и Нижни Новгород.

„Најголемиот напад со непријателски дронови врз Москва е одбиен“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин преку Телеграм, прецизирајќи дека беспилотните летала ги погодиле селото Сапроново и градот Рамескоје, во пошироките предградија на Москва.

Тој рече дека спасувачките екипи биле на местото на нападот каде што паднале остатоци.

Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, објави дека едно лице загинало, а 3 лица се повредени во нападот, на 2 локации лоцирани во пошироките предградија на руската престолнина.

„Починатиот бил вработен во дистрибутивниот центар на агроиндустриската компанија Мираторг, чиишто неколку објекти биле оштетени во нападот“, се вели во соопштението на компанијата на својата веб-страница.

Новинарите на агенцијата Франс прес објавија дека во една од станбените згради, погодена од урнатини од дронови во московскиот регион, биле скршени прозорци, а балкон делумно се урнал.

Нападот доаѓа неколку часа по посетата на Москва на генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Феридун Хади Синирлиоглу, кој денеска треба да разговара со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Меѓународниот аеродром Внуково го прекина сообраќајот, додека, пак, 3 други аеродроми кои ги опслужуваат Москва – Домодедово, Жуковски и Шереметјево – воведоа привремени ограничувања, објави Росавијација“, руската федерална агенција за воздухопловство.

Иако Украина и Русија секојдневно испраќаат десетици беспилотни летала, самата руска престолнина ретко е цел на напад.

Денеска Украина ќе им предложи план за делумен прекин на огнот со Русија на САД за време на состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, со надеж дека ќе ја поврати поддршката од Вашингтон по неодамнешното влошување на нивните односи.

Разговорите во Џеда ќе бидат први на толку високо ниво меѓу украинските и американските претставници по вербалниот судир на помеѓу претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа кон крајот на февруари.

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК НА ТРАМП ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН Виткоф наскоро заминува за Москва

Поврзани содржини