30% ПОПУСТ НА КОЛЕКЦИЈАТА ЕСЕН-ЗИМА Најдобрите понуди за Black Friday во брендовите на Fashion Group! (ГАЛЕРИЈА)

Речиси и да нема повозбудлив викенд од овој – Black Friday понудите и официјално започнаа во Fashion Group!

304

Викендот е совршено време да го поминете во шопинг со семејството и да си ги набавите сите работи што толку многу ги посакувавте, сега, на неверојатно намалување до -30% на колекцијата есен-зима од брендовите на групацијата.

– Она што сме сигурни е дека викендот Black Friday секогаш бара добро скроен план за шопинг, па денеска ние ви ја олеснуваме потрагата со неколку клучни парчиња без кои дефинитивно не може да поминат зимските комбинации. Токму овој викенд со себе секогаш носи некоја посебна магија со оглед на тоа што истиот е можеби предвесник за најубавата сезона што е пред нас, сезоната на новогодишните празници – велат од Fashion Group.






Откако целосно ќе се почестите себеси со сите култни парчиња што подолго време ви стоеја во кошничката, без размислување почнете со подароците за вашите најдраги со кои ќе ги израдувате овие празници.

Ако сте од оние кои секогаш вешто сакаат да го избегнат метежот, тогаш, онлајн продавницата на Fashion Group е местото каде треба веднаш да се упатите, но доколку сте од оние што сакаат да уживаат во празничната магија нешто порано, тогаш, задолжително посетете ги нивните продавници.


Сега е вистинско време плакарот да го збогатите со сите култни парчиња облека од Mango, омилените чизми од Timberland, топлите јакни од Superdry, шик патиките од Replay или секогаш уникатните модели од Fashion&Friends.


Последниот викенд во ноември е секогаш оној омилениот, па ако сè уште немате планови, шопингот во продавниците на Fashion Group ќе биде и повеќе од возбудлив!

Поврзани содржини