📽️ 30-ГОДИШНА МАКЕДОНКА ЗАГИНА ВО ГРЦИЈА Уште три девојки се тешко повредени во несреќата кај Солун
Една од повредените Македонки била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба. Сериозни повреди има и жена на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Верија.
Жена од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Грција која се случила во близина на градот Нисели на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција.
Според грчките медиуми настрадана е 30-годишна жена од Скопје додека уште три жени кои биле со загинатата во автомобилот се тешко повредени. Една од повредените Македонки била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба. Сериозни повреди има и жена на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Верија.
Уште едно лице, маж на 74 години е повреден во несреќата во која загина туристката од Македонија. Во несреќата се судриле три возила.
Најоштетено и целосно згмечено од задната страна е возилото од Македонија. На снимките кои ги објавија грчките медиуми се гледа дека загинатата и повредените биле извлекувани со помош на пожарникари кои користеле соодветна опрема и го сечеле автомобилот.
Грчката полиција врши увид.