30 ГОДИНИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АВСТРАЛИЈА Муцунски ја посети Камбера за да ја зајакне врската меѓу двете земји

На свеченоста, покрај Муцунски, своите обраќања ги имаа и Ана Али, министер за локална самоуправа и млади на Западна Австралија, и Касандра Фернандо, пратеник во австралискиот парламент.

547

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на работната посета на Австралија, присуствуваше на настанот што го одбележа 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Австралија.

На свеченоста, покрај Муцунски, своите обраќања ги имаа и Ана Али, министер за локална самоуправа и млади на Западна Австралија, и Касандра Фернандо, пратеник во австралискиот парламент.






Министерот Муцунски ја поздрави македонската заедница во Австралија, како и присутните истакнати стопанственици, министри, пратеници и дипломати, нагласувајќи дека посетата остави позитивни впечатоци.

Тој изрази задоволство од одличните билатерални односи кои се изградени во изминатите три децении, нагласувајќи дека оваа прва висока политичка посета по 15 години претставува силна потврда за заложбите на двете земји да ја интензивираат соработката.

– Со оваа посета, се потврдува нашата заедничка цел за интензивирање на политичката, економската, културната и севкупната соработка. Досега имаме многу успешни сегменти на соработка, но големиот потенцијал за нови можности допрва треба да се искористи – изјави Муцунски.

Во своето обраќање, тој особено го истакна значењето на македонската дијаспора во Австралија, која според него претставува важен мост меѓу двете земји и игра клучна улога во поттикнувањето на културни и економски врски. Муцунски нагласи дека дијаспората е фактор што значително ја јакне пријателската соработка и придонесува за континуиран развој на односите помеѓу Македонија и Австралија.

Поврзани содржини