📷 30 АВИОНИ НА САД ПОЛЕТАА КОН ИСТОК НА ВОЕНА ВЕЖБА? Два од нив се приземјиле во Шпанија

„Flightradar24“ објави дека крајната дестинација на авионите е непозната, но дека два слетале во база во близина на Севиља. Затоа, една претпоставка е дека тие патуваат за Финска, каде што е најавено нивното учество во вежбата „Атлантик Тридент 25“.

980

Повеќе од 30 американски авиони за полнење гориво доцна во неделата, 15 јуни, ги напуштија американските воени бази и се упатиле на исток, според информациите од сајтот Flightradr24. Веста за полетувањето на авионите KC-135 и KC-46 предизвика паника, бидејќи времето речиси се совпаѓа со нападот на Иран врз Израел во раните утрински часови.

„Flightradar24“ објави дека крајната дестинација на авионите е непозната, но дека два слетале во база во близина на Севиља. Затоа, една претпоставка е дека тие патуваат за Финска, каде што е најавено нивното учество во вежбата „Атлантик Тридент 25“.






Мултинационалната воена вежба ги здружува финските, француските, британските и американските сили од 16 до 27 јуни.

 

 

Поврзани содржини