30.000 ВОЈНИЦИ ЌЕ ВЕЖБААТ ВО БЕЛОРУСИЈА Ова е најголемо „трупање“ војска од Студената војна
Ова е најголемото руско распоредување таму од Студената војна, со очекувани 30.000 борбени трупи“, како и специјалните оперативни сили Спецаназ, борбени авиони СУ-35, системи за противвоздушна одбрана С-400 и ракети „Искандер“, способни за нуклеарно оружје, рече Јенс Столтенберг, генералниот секретар на Алијансата.
НАТО соопшти дека Русија во последните денови го засилила распоредувањето на војска и опрема во Белорусија и се очекува дека има 30.000 војници за заедничката воена вежба од 10 до 20 февруари, јавува Ројтерс.
– Ова е најголемото руско распоредување таму од Студената војна, со очекувани 30.000 борбени трупи“, како и специјалните оперативни сили Спецаназ, борбени авиони СУ-35, системи за противвоздушна одбрана С-400 и ракети „Искандер“, способни за нуклеарно оружје – рече Јенс Столтенберг.
Украинскиот министер за одбрана рече дека Русија во моментов вкупно има собрано вкупно 115.000 војници во близина на границите на Украина.
За евентуална војна се спрема и Западот. Во четвртокот Кремљ повторно го обвини Вашингтон дека ги подгрева тензиите откако Соединетите Држави соопштија дека ќе испратат речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија. Пентагон рече дека целта е да се испрати „силен сигнал“ до Путин и светот дека „НАТО е важен за Соединетите Држави и важно е за нашите сојузници“.
Турскиот претседател Таип Ердоган, кој понуди да посредува меѓу Русија и Украина во кризата, требаше да го посети Киев денеска.
Украина и Турција ќе потпишат рамковен договор за производство на турски беспилотни летала во Украина, изјави за новинарите министерот за одбрана Олексеј Резников, потег што сигурно ќе ја вознемири Москва. Украина веќе распореди беспилотни летала од турско производство во војна со сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на земјата.