3 ЛИЦА ГОРЕА ОПАСЕН ОТПАД КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО Град Скопје досега казни над 100 сторители за загадување на животната средина
Во текот на изминатата недела, инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на Град Скопје изрекле казни на повеќе од 100 сторители, кои не ги почитувале законските норми за заштита на животната средина.
Во текот на денот, инспекциската служба го проверила и подрачјето на Општина Сарај, каде се затекла дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут. Пожарот на оваа депонија беше локализиран благодарение на брзата реакција на Противпожарната бригада на Град Скопје. Покрај ова, инспекторите извршиле контроли и на стрништа во Крушопек и Лака, каде забележани се палења кои се казнети.
Во текот на изминатата недела, инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на Град Скопје изрекле казни на повеќе од 100 сторители, кои не ги почитувале законските норми за заштита на животната средина.
„Нашите инспектори продолжуваат со засилен инспекциски надзор 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. За секој кој не го почитува законот, изрекуваме казни, а истовремено поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад, како азбестни плочи и канцероген отпад“, соопштија од Град Скопје.
За загадувањето на животната средина во Скопје надлежни се 14 институции, но засега единствено Град Скопје реагира на овие проблеми, иако останатите институции имаат законска обврска да постапуваат.