3.555 РАБОТНИЦИ ЌЕ ОДАТ НА ОДМОР НА ДРЖАВНА СМЕТКА В понеделник ќе биде објавен оглас за ваучери за туризам

Основен критериум е семејството на работникот кој ќе аплицира за ваучер да нема нето-приход повисок од 50.000 денари.

4,087

Вкупно 3.555 ваучери во износ од 18.000 денари за одмор на работници со ниски примања ќе подели Министерството за економија годинава. Во понеделник ќе биде објавен јавен повик.

– Главната цел за оваа мерка е да им се овозможи на работниците со ниски примања да одат на одмор во зеМјава, а туристичките капацитети да остварат дополнителен приход – рече министерот Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.






За реализација на оваа мерка обезбедени се околу 1 милион евра.

Основен критериум е семејството на работникот кој ќе аплицира за ваучер да нема нето-приход повисок од 50.000 денари.

Потврдата ќе може да се користи во период надвор од сезоната, од моментот на добивање до 30 јуни и од 15 септември до 1 декември годинава. Изборот на објектот во кој ќе се користи ваучерот се прави од посебен список на туристички и хотелски капацитети објавен од Министерството за економија.

Поврзани содржини