3,5% ОД БДП ЗА НАТО Е ЦЕЛ ЗА СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ Мисајловски откри што било во фокус на сoстанокот во Брисел
Министерот за одбрана вели дека најважно е да се модернизира самата Армија, што е дел од целите поставени од НАТО. Тој ја истакнува важноста за инвестиции во одбраната и во наменската индустрија, истакнувајќи дека неколку компании веќе покажале интерес за потсетувајќи дека неодамна една компанија веќе потпиша Меморандум за разбирање за инвестирање во државата.
„Има некои земји кои се веќе над 3,5 проценти, има земји што веќе стигаат и до 5 проценти, но она што е битно да го кажеме е дека многу земји не стигнале ни до два проценти. Развиените земји се обидуваат со текот на годините да стигнат до 3,5 проценти, што е навистина тешко затоа што тоа се големи економии“.
Вака изјави во интервју за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска, 5 јуни, присуствуваше на состанок на министрите на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. Тој открива дека нНа состанокот се договарало сите земји заеднички да достигнат до прагот од 3,5 проценти во наредниот период од 10-тина години, но и секоја земја дополнително да вложува и во одбраната и во инфраструктурата.
Во однос на предлогот на генералниот секретар на НАТО Марк Руте за постепено зголемување на трошоците до ниво од пет проценти од БДП до 2032 година, Мисајловски рече дека се разговарало за некаков просек на години за остварување на оваа цел, но дека е најважно секоја земја да го достигне тоа колку што може побрзо.
Тој вели дека Македонија ќе работи на својот план да достигне 5 проценти, но тоа да биде согласно развојот на економијата.

– Многу земји веќе имаат започнато со планови како да достигнат до овие проценти. Ние исто така ќе работиме, ќе ги подобриме сите наши документи, заедничи ќе го направиме тоа со сите институции и за во наредниот период, полека, со текот на годините, да расте и Буџетот на државата, што е многу важно за да биде поголем и буџетот на Министерството – истакна Мисајловски.
Министерот за одбрана вели дека најважно е да се модернизира самата Армија, што е дел од целите поставени од НАТО. Тој ја истакнува важноста за инвестиции во одбраната и во наменската индустрија.
– Има доста компании, јас во последниов период сретнав десетици од нив, кои имаат интерес да инвестираат во различни сфери поврзани со одбраната и безбедноста. Ова се сериозни компании што би инвестирале многу средства. Тоа ќе ја раздвижи економијата, но исто така ќе помогне и во (достигнување на) овие проценти и за развивање на другите сфери, – рече Мисајловски.
Дојче Веле коментира дека на состанокот министрите за одбрана на НАТО усвоиле нови цели за земјите-членки, што претставуваат масовно зголемување на вооружувањето за европските земји. Се вели дека ова е најголема програма за вооружување по Студената војна и дека деталите за насоките се тајни.