28 лица фатени без маски изминатото деноноќие

За последните 24 часа на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

682

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 39 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски, евидентирани се 28 лица што ја прекршиле оваа мерка.






За последните 24 часа на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани содржини