Направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје има 784 новозаразени, во Битола 98, во Куманово 81, Кавадарци 59, Тетово 58, Струмица 45, Прилеп 44, Велес 41, Гостивар 39, Неготино 31, Кочани 29, Кичево 28, Охрид 27, Радовиш 24, Штип 20, Струга и Валандово по 17, Свети Николе и Ресен по 15, Гевгелија 14, Делчево 12, Крива Паланка 10, Богданци 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица по 5, Кратово 4, Берово 2 и по еден нов случај во Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и во Демир Капија.
Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција. Регистриран e 1.961 оздравен пациент.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), 3 починати лица од Прилеп (56г, 69г и 76г), 2 починати лица од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 04 до 29 јануари.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 12 лица се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.667 тестови преку: ИЈЗ-512, ЦЈЗ Скопје-106, ЦЈЗ Битола-98, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Авицена-150, Биотек-225, Систина-81, лабораторија Лаор-176, Синлаб-20, Ремедика-16, Плодност-48, Генеа-17, Никоб Лаб-439, ВФВ Медикал-81, Ели Медика-42, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-53, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.990.
Досега во земјата се направени вкупно 1.798.697 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а бројот на активни случаи изнесува 14.336.