250 МИЛИОНИ ЕВРА ИНВЕСТИРАНИ ВО СИТЕ ОПШТИНИ ЗА ЕДНА ГОДИНА Веќе се одобрени 288 проекти, уште 887 чекаат оценка

Во изминатата година, како што наведуваат од владејачката партија, реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој низ цела Македонија.

135

Во првата година од мандатот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвојува 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини низ државата. Според соопштението од владејачката партија, фокусот е ставен на подобрување на животот на граѓаните преку поддршка на локалната самоуправа и преку финансирање развојни проекти на територијата на целата држава.

На првиот јавен повик се одобрени 288 проекти во различни области: транспорт, животна средина, образование, култура, спорт и социјална политика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Во тек е евалуација на вториот јавен повик, на кој биле поднесени вкупно 887 проекти од страна на 80 општини, што, според партијата, укажува на огромен интерес од локалните самоуправи.

Во изминатата година, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој низ цела Македонија. Дел од тие проекти се:

  • Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и создавање услови за здравствен туризам во ЈЗПР, во вредност од 29.556.254 денари.

  • Подобрување на условите за здравствен туризам преку реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид, набавка на опрема и дигитализација, во вредност од 24.370.953 денари.

  • Проект за заштита и превенција од пожари во микро регионот Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце – „FIRESHIELD”, со вредност од 21.644.000 денари.

  • Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“, во вредност од 4.325.668 денари.

  • Подобрување на здравствени услуги и услови за рехабилитација на ранливи категории и постковид пациенти во Пелагонискиот плански регион – 27.275.658 денари.

  • Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица во Берово (4-та ламела), во вредност од 22.278.213 денари.

  • Инвестиција од 24.885.000 денари за паметно ЛЕД-осветлување во Полошкиот плански регион.

  • Одобрување на стратешки проект за изградба на граничен премин Клепало (Берово–Струмјани), во вредност од 11.127.682 денари.

  • Проект „Паметни решенија Велес – Продолжуваме“ во износ од 46.215.459 денари.

  • Проект „Зелена топлина“ – воведување ефикасна услуга за греење базирана на обновливи извори на енергија во Општина Радовиш, со инвестиција од 55.921.234 денари.

  • Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово во вредност од 37.887.429 денари.

  • Проект „Чист Аеродром – Нула цврст отпад“ во Општина Аеродром, вреден 37.182.273 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата се обидува, на секој можен начин, да ги приближи општините до граѓанинот и дека на дело се градат темелите на промените.

„Доаѓа времето на Македонија“, порачуваат од партијата.

Поврзани содржини