25 ЗЕМЈИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МУНИЦИЈАТА „Made in Albania“ Западниот сосед од септември започнува со производство
Интерес покажаа 25 меѓународни конзорциуми, од САД, европски земји, земји-членки на НАТО, Блиски Исток и Израел, изјави министерот за одбрана на Албанија во врска со муницијата „Произведено во Албанија“.
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу најави дека до септември следната година Албанија ќе почне со производство на муниција со брендот „Произведено во Албанија“ (Made in Albania), а потоа ќе продолжи со производство на оклопни возила и артилерија.
– Интерес покажаа 25 меѓународни конзорциуми, од САД, европски земји, земји-членки на НАТО, Блиски Исток и Израел. Во тек се шест преговори, за тешкиот артилериски систем, лесното вооружување во областа Рубик, производството на муниција, производството на оклопни возила, а во Владата одобривме и преговори за производство на униформи и лична опрема – најави Венгу.
Според него откако законот за заживување на воената индустрија стапи во сила на крајот на август 2024 година, биле основани две институции, Албанската компанија за производство и трговија со оружје „КАЈО“ и Агенцијата за одбрана, која лиценцира и регулира активности за воено производство.
Венгу се осврна и на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти, наведувајќи оти дека Албанија се стреми да ја постигне оваа цел во рок од десет години.
Рој наведе дека 2025 е втора година во која Албанија троши повеќе од два проценти од бруто домашниот производ за одбрана во согласност со обврските што ги презеде кон НАТО.