249 КОРЕЈЦИ НАКРАТКО БЕА МИЛИОНЕРИ Јужнокорејската берза за криптовалути по грешка им уплати 640.000 биткоини
Според берзата Bithumb, грешката се случила околу 19 часот во петокот, кога 249 корисници кои учествувале во промотивна кампања добиле просечно по 2.490 биткоини, во вредност од 244 милијарди вони (166 милиони долари) по корисник.
Јужнокорејската берза за криптовалути Bithumb во саботата соопшти дека ги вратила речиси сите 620.000 биткоини што погрешно биле испратени до корисниците, што накратко ја намалило цената на биткоинот.
Според Bithumb, грешката се случила околу 19 часот во петокот, кога 249 корисници кои учествувале во промотивна кампања добиле просечно по 2.490 биткоини, во вредност од 244 милијарди вони (166 милиони долари) по корисник.
Трансакциите и исплатите на корисничките сметки биле запрени во 19:40 часот.
Bithumb веднаш вратил 618.212 биткоини, а дополнителните 93% од 1.788-те биткоини што корисниците успеале да ги продадат, исто така, биле вратени.
Сепак, 125 биткоини сè уште не се вратени.
Грешката се случила кога вработен во Bithumb погрешно ја внел единицата за плаќање како „BTC“ наместо „корејски вон“ за наградата за корисниците на промотивната кампања. Оваа грешка предизвика краткотраен пад на цената на биткоинот на Bithumb, бидејќи корисниците се обидоа да ги продадат биткоините што погрешно ги добиле.