Пред два дена починал од коронвирус кавадарчанецот Пепи Тодорчев, кој со семејството од пред многу години живеел во Чикаго, САД, јавуваат македонски медиуми.
Пепи бил познат лик од Кавадарци, а многумина се сеќаваат на неговото култно кафуле ,,Пест”. Неговата сопруга Гордана, по потекло од Неготино, исто така е позитивна на вирусот, како и постарата ќерка.
Започната е донаторска акција за помош на неговото семејство, на која што се собрани над 48.000 долари до сега. Како донатори до сега се појавија 455 поединци, претежно од нашата дијаспора.