24 ВОЈНИЦИ, 40 СПАСУВАЧИ, 8 ВОЗИЛА, 10.000 ЌЕБИЊА… Што сè испраќа Македонија како помош за настраданите од земјотресот

Граѓани и компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата кои останаа без домови.

199

Дваесет и четири припадници на армијата, 10 илјади ќебиња и 200 санитетски носила се испраќат за помош во Туркије. Од дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Министерството за финансии е задолжено до владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на буџетот на Македонија за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданитево катастрофалниот земјотрес.






Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности. На скопскиот плоштад е отворен пункт за донации за семејставата на настраданите во страотните земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија.

Граѓани, компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата кои останаа без домови. Пунктот ќе биде во фунцкија се додека е потребно, а скопјани масовно донираат согласно своите можности. Помош испраќаат и повеќе општини.

Поврзани содржини