200 БРИТАНСКИ КОМПАНИИ ВОВЕДУВААТ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА Повеќе од 5.000 работници ќе имаат корист од мерката

Досега оваа мерка ја воведоа 30 компании, предводени од маркетинг и медиумски агенции.

845

Двесте британски компании потпишаа иницијатива за воведување четиридневна работна недела за сите вработени, без намалување на нивните плати, објавија денеска британските медиуми.

Повеќе од 5.000 работници ќе имаат корист од намалените часови без губење на платата. Поддржувачите на оваа мерка истакнуваат дека петдневната работна недела е воведена пред 100 години во претходната економска ера и дека таа повеќе не служи за цел, пренесува Гардијан.






-Луѓето би имале 50% повеќе слободно време и можност да водат посреќен и поисполнет живот – изјави Џо Рајл од фондацијата која се залага за четиридневна работна недела.

Досега оваа мерка ја воведоа 30 компании, предводени од маркетинг и медиумски агенции.

Нивниот пример го следеа 29 други организации од секторите за хуманитарна и социјална заштита и невладини организации, како и 22 компании од секторот бизнис, ИТ и софтверска технологија кои на своите вработени им понудија четиридневна работна недела.

Поврзани содржини