200.000 УКРАИНЦИ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ОД САД Трамп ќе користи пари за странска помош за ова „акција“
Овие категории граѓани досега уживаа привремен заштитен статус, доделен од администрацијата на Џо Бајден, поради неможност за безбеден повраток во земјите од кои потекнуваат.
Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп разгледува план за масовна депортација на околу 200.000 украински државјани од територијата на САД, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрт-интерни документи во кои редакцијата имала увид.
Според планот, Вашингтон планира да пренамени 250 милиони долари од буџетот за странска помош за да ги репатрира Украинците, како и околу 500.000 Хаиќани кои моментално престојуваат во САД.
Овие категории граѓани досега уживаа привремен заштитен статус, доделен од администрацијата на Џо Бајден, поради неможност за безбеден повраток во земјите од кои потекнуваат.
Но, враќањето на Трамп и неговата рестриктивна имиграциска политика носи драстични промени. Тој најави „најголема програма за депортација во американската историја“, насочена кон отстранување од 15 до 20 милиони мигранти.
Нацрт-документите наведуваат и дека мигрантите кои доброволно ќе ја напуштат земјата би можеле да добијат 1.000 долари како поддршка за враќање дома, според нова програма на Министерството за внатрешна безбедност.
Покрај Украинците и Хаиќанците, на листата на потенцијални депортации се и државјани на Авганистан, Палестина, Либија, Судан, Сирија и Јемен.