2.257 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЛУКСЕМБУРГ Кога македонските работници ќе се приближат на европскиот просек?
Според податоците на Евростат, најниска минимална плата имаат Бугарите од 332 евра.
Месечната минимална плата во 13 од 21 земја-членка на ЕУ, која е регулирана со закон, во јануари годинава била под 1.000 евра, покажуваат податоците на Евростат.
Во две земји е малку повисока од 1.000 евра, во 6 земји е повеќе од 1.500 евра, а разликата меѓу најниската и највисоката минимална плата во ЕУ е повеќе од 7 пати.
Според податоците на Евростат, најниска минимална плата имаат Бугарите од 332 евра, а Луксембуржаните имаат највисока минимална плата од 2.257 евра. во регионот од членките на ЕУ во Хрватска „минимумот“ е 624 евра, а во Словенија 1.074 евра, додека во Грција 774 евра.
По Бугарија следуваат Летонија со 500 евра, Романија 515, Унгарија 542, Хрватска 624, Словачка 646, Чешка 652, Естонија 654, Полска 655, Литванија 730, Грција 774 евра, Малта 792 и Португалија 823 евра.
Словенија има 1.074 евра, а Шпанија има 1.126 евра, а 6 земји имаат повеќе од 1.500 евра, Франција 1.603, Германија 1.621, Белгија 1.658, Холандија 1.725, Ирска 1.775 и Луксембург 2.257 евра.
Резултатите се нешто поинакви кога минималната плата се мери според паритетот на куповната моќ, па дури и со тој критериум, Бугарија и натаму има најнизок минимум од 604 евра, а Луксембург 1.707 евра, така што разликата е околу 3 пати.
Минималната плата во Хрватска според паритетот на куповната моќ е малку помала од 900 евра, а потоа следат Грција, Унгарија, Чешка, Естонија, Словачка, Латвија и Бугарија.
Малта, Португалија и Романија се меѓу земјите кои имаат минимална плата пониска од 1.000 евра според паритетот на куповната моќ.
Останатите осум земји имаат до 1.500 евра, Германија има нешто повеќе од 1.500, а Луксембург 1.707 евра.
Шест земји немаат законска минимална плата, но таа е одредена со колективни договори, а тоа се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.
Од земјите кои не се членки на ЕУ, Црна Гора има најголема плата мерена според куповната моќ и таа изнесува 888 евра. Во Турција е 810 евра, во Северна Македонија 800 евра, во Србија 790 евра и во Албанија 401 евро.
Во земјава минималната плата изнесува 15.194 (246 евра).