📽️ 192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Пожарникарите интервенираа на повеќе локации, гореа автомобили, а снимки покажуваат и момент кога автомобил удира мотоциклист, кој лета на покривот од возилото.

1,168

Наместо еуфорија по маестралната победа на ПСЖ во Лигата на шампионите, улиците во Париз се претворија во бојно поле. Според последните информации 192 лица е се повредени, 2 загинаа и 420 лица се уапсени во хаос и насилството на улиците и булеварите додека цели делови од градот беа блокирани.

Специјалните единици на полицијата со солзавец пробуваа да го воспостават редот додека на повеќе локации беа палени автомобили.






Пожарникарите интервенираа на повеќе локации, гореа автомобили, а снимки покажуваат и момент кога автомобил удира мотоциклист, кој лета на покривот од возилото.

Дури 5.400 припадници на силите за безбедност беа распоредени главно околу стадионот „Парк на Принцовите“, каде што илјадници гледачи го следеа финалето.

Интересно е што ПСЖ уште пред натпреварот ја заштити својата официјална продавница во градот со дрвени панели. Како клубот да претчувствуваше што ќе се случи.

Парадата на шампионите е планирана за следните неколку дена, а се очекува играчите на ПСЖ да бидат пречекани на Шанзелизе во 17 часот. Фудбалерите на ПСЖ станаа европски шампиони за прв пат во историјата, победувајќи го Интер со резултат од 5:0.

Израелскиот претседател Исак Херцог денес го осуди вандализмот врз еврејските институции во Париз, вклучително и прскањето со зелена боја врз синагогата која, како што вели Херцог, била изградена од неговиот прадедо.

 

Поврзани содржини