191 бесплатен телефонски број за пријавување на зголемени цени на храна
Бектеши ги повика бизнисмените и граѓаните да бидат разумни бидејќи нема да се има милост кон оние кои ги прекршуваат мерките.
Министерството за економија и Пазарниот инспекторат од понеделник го актвираат бесплатен телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријават зголемување на цени на прехранбени артикли и работење на кафеаните, кафиќите и баровите.
– Телефонскиот број е 191 и е бесплатен за граѓаните – рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој рече дека оваа мерка се спроведува бидејќи инспекторите работат дневно по зголемен број на часови, а бројот на инспектори е мал, а се контролира зголемување на цените вохраната и дезинфекциските средства во маркетите , медицинските средства за заштита како и работата на кафиќите, кафеаните и баровите кои треба да бидат затворени.
Бектеши ги повика бизнисмените и граѓаните да бидат разумни бидејќи нема да се има милост кон оние кои ги прекршуваат мерките.
– Казните за прекршокот се 5.000 евра и казна од една година затвор – рече Бектеши.
Диркеторот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски рече дека сите продажни објекти ќе добијагт налепници со бројот и треба да го залепат на видно место.