📽️ 184 ЖРТВИ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА Повеќе од 150 повредени, причините сè уште не се познати
Од претходното пребројување, бројот на починати е зголемен за уште 60 лица. Освен загинатите, повредени се над 150 присутни, од кои дел се во критична состојба.
Бројот на загинати во страшната несреќа што се случи во популарната дискотека „Џет Сет“ во Санто Доминго достигна 184, соопштија властите во Доминиканската Република. Трагедијата се случила за време на концертот на познатиот пејач Руби Перез, кој е меѓу загинатите, кога ненадејно се урнал покривот врз стотиците посетители.
Информацијата ја потврди директорот на Центарот за итни ситуации, Хуан Мануел Мендес, додавајќи дека се уште трае потрагата по евентуално преживеани под урнатините. „Со жалење ве известуваме дека до денес се потврдени 184 жртви,“ изјави Мендес.
Од претходното пребројување, бројот на починати е зголемен за уште 60 лица. Освен загинатите, повредени се над 150 присутни, од кои дел се во критична состојба.
Причините за уривањето на покривот сè уште не се познати, а локалните власти започнаа истрага. Сцената на несреќата се опишува како хаотична и ужасна, со сведоци кои раскажуваат дека паниката и вресоците не престанале со часови по уривањето.
Пејачот Руби Перез, познат како „највисокиот глас на меренгето“, беше миленик на генерации и симбол на доминиканската музика. Неговата смрт предизвика шок и тага низ целата земја.
At least 113 people were killed and more than 155 injured when a nightclub’s roof collapsed in the Dominican Republic’s capital city. One of those killed was prominent Dominican singer Rubby Pérez, who was known as “the highest voice in merengue” and had been performing with his… pic.twitter.com/gI797JSGvr
— The Washington Post (@washingtonpost) April 9, 2025