18-ГОДИШНИКОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА КАЈ КАПИШТЕЦ ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА Полицијата го бара Саит со меѓународна потерница
Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, истакна МВР на својата веб-страница.
Момчето кое прегази жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот ја напуштило државата. Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје.
„Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, истакна МВР на својата веб-страница.
Саит последно бил пријавен на адреса на улицата Дом Ндуе Битичи во Скопје.