170 ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ПАРНО? Екипите на ЕСМ немаат пристап да ги отстранат дефектите
Во 27 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 43 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица и 100 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.
Потрошувачите кои се греат на парно во Скопје да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), апелира ЕСМ.
Податоците на Центарот за грижа на потрошувачи, велат од ЕСМ, покажуваат дека 170 објекта се затворени. Од нив 27 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 43 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица и 100 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.
„Уште еднаш потенцираме дека соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни со цел да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100“, се наведува во соопштението од ЕСМ.