17 ПОЧИНАТИ И 554 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 Меѓу починатите тројца скопјани на 33, 34 и на 36 години

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

1,000

Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 891 оздравени пациенти и пријавени се 17 починати лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 309, Куманово 44, Прилеп и Велес по 20, Тетово, Битола и Кавадарци по 17, Кочани 16, Кичево 11, Охрид 10, Крива Паланка 9, Гевгелија и Ресен по 6, Струмица и Штип по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица по 1.






Регистрирани се 891 оздравени пациенти од: Скопје 360, Охрид 132, Струга 105, Куманово и Струмица по 42, Тетово 26, Велес 20, Гостивар 19, Прилеп и Штип по 18, Битола и Кичево по 16, Кавадарци 9, Кочани, Радовиш, Дебар и Берово по 8, Гевгелија и Ресен по 6, Свети Николе и Кратово по 5, Виница и Пробиштип по 3, Крива Паланка, Валандово и Дојран по 2, Делчево и Македонска Каменица по 1.

Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93, 82 , 73 , 71 , 62 , 44 , 40 , 36 , 34  и 33 ), 2 починати лица од Прилеп (75 и 64 ) и по едно починато лице од Куманово (85), Струмица (74), Кичево (76), Кочани (63) и Демир Хисар (59).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 4.072 тестови преку: ИЈЗ 310, ЦЈЗ Скопје 65, ЦЈЗ Битола 52, ЦЈЗ Прилеп 43, ЦЈЗ Тетово 72, ЦЈЗ Куманово 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 3, Судска медицина 1, лабораторија болница Козле 6, УК Пулмологија со алергологија 6, ГОБ „8 Септември“ 0, Институт за микробиологија  2, Жан Митрев 104, Авицена 255, Биотек 288, Систина 137, лабораторија Лаор 169, Синлаб 37, Ремедика 33, Плодност 40, Генеа 15, Никоб лаб 485, ВФВ Медикал 66, Ели Медика 81, Ројал Медика 9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.713.

Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 81.431, активни 5.701, Куманово 11.075, активни 905, Тетово 10.764, активни 985, Прилеп 8.929, активни 275, Гостивар 7.925, активни 509, Битола 6.958, активни 246, Велес 6.057, активни 284, Охрид 5.827, активни 545, Кавадарци 5.761, активни 203, Струмица 5.618, активни 462, Штип 5.567, активни 225, Кичево 3.888, активни 427, Струга 3.758, активни 536, Кочани 3.150, активни 135, Гевгелија 2.361, активни 73, Неготино 2.299, активни 43, Свети Николе 1.828, активни 104, Ресен 1.514, активни 102, Радовиш 1.481, активни 106, Дебар 1.444, активни 127, Крива Паланка 1.359, активни 58, Берово 1.195, активни 33, Делчево 1.110, активни 66, Виница 1.009, активни 45, Пробиштип 897, активни 42, Валандово 788, активни 29, Богданци 544, активни 20, Кратово 531, активни 49, Крушево 518, активни 15, Македонски Брод 462, активни 32, Демир Хисар 426, активни 16, Демир Капија 406, активни 4, Пехчево 310, активни 8, Македонска Каменица 293, активни 21, Дојран 139, активни 2.

Поврзани содржини