16 МИГРАНТИ ЗАМРЗНАА НА ГРЧКО-ТУРСКАТА ГРАНИЦА Од Брисел порачаа дека им е жал

Анкара вчера ја обвини Атина дека насилно вратила назад десетици бегалци и мигранти од Грција во Турција, по што нивните безживотни тела беа пронајдени замрзнати на граничниот премин.

394

Европската комисија потврди дека е запознаена со трагедијата на грчко-турската граница и информира дека собира дополнителни информации за случајот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Анкара вчера ја обвини Атина дека насилно вратила назад десетици бегалци и мигранти од Грција во Турција, по што нивните безживотни тела беа пронајдени замрзнати на граничниот премин.






Европската комисија на денешниот редовен брифинг за новинари потврди дека станува збор за 16 жртви и изрази сочувство.

-Ваквите трагедии се секогаш ужасни и жалиме за изгубените животи – изјави портпаролот Ерик Мамер.

ЕК додаде дека доколку се утврди дека станува збор за насилно и нелегално протерување на бегалците, тоа ќе се смета за неприфатливо, но дополни и дека во овој момент во Франција еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон е во контакт со грчкиот министер за внатрешни на неформален министерски состанок.

Јохансон лично бара детали од грчките власти за тоа што се случило.

Поврзани содржини