15 МИЛИОНИ РУБЉИ ЗА ПРВИОТ СОБОРЕН Ф-16 Руска компанија дава стимулација за уништивање на американски борбени авиони

Ќе има награда и за уништувањето на борбените авиони Ф-15 и Ф-16, најави Илја Потанин, заменик извршен директор на руската компанија Форес.

1,300

Руската компанија Форес има намера да исплати награда од 15 милиони рубљи (нешто повеќе од 155 илјади евра) на руските борци кои ќе го уништат првиот американски борбен авион Ф-16 во зоната за специјални операции, објави Илја Потанин, заменик извршен директор на компанијата.

– Ќе има награда и за уништувањето на борбените авиони Ф-15 и Ф-16. За уништувањето на првиот авион наградата ќе биде 15 милиони рубљи- рече Потанин обраќајќи им се на војниците на борбената група Центар.






Претходно, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, генералниот директор на компанијата Сергеј Шмотиев исто така потврди дека за првиот соборен борбен авион Ф-16 ќе биде доделена награда од 15 милиони рубљи.

Поврзани содржини