15 ДЕНА ЗАТВОР ВО ШИБЕНИК ПОРАДИ ФОТKА СО ШАЈКАЧА? Србинка тврди дека го испрашувале нејзиниот 7-годишен син

Николина Бачкоња Филиповиќ вели дека момчето било само кога дошле тројца полицајци. Според неа, го прашале каде му е „четничката капа“.

0

Николина Бачкоња Филиповиќ тврди дека поминала 15 дена во затвор во Шибеник поради објава на Фејсбук. На фотографијата бил нејзиниот 7-годишен син со шајкача и со кренати три прста.

Србинката, која живее во Белград, за „Јуроњуз Србија“ ја раскажа својата верзија за случајот. Според објавените информации, Општинскиот суд во Шибеник оценил дека со објавата го нарушила јавниот ред и мир.






Но, од достапните информации не е јасно дали била казнета само поради таа фотографија. Можно е постапката да опфаќала и други нејзини објави на социјалната мрежа, пишува хрватски Индекс.

„Kаде ти е четничката капа?“

Случајот, според нејзиното сведоштво, започнал на 21 јули во семејната куќа во Стрмица, во близина на Книн.

Таа тврди дека тројца полицајци прво го затекнале нејзиниот 7-годишен син без родителите.

– Малечко, каде ти е четничката капа? – го прашале полицајците, според нејзиното сведоштво.

Момчето, како што раскажала мајката, одговорило дека тоа не е „четничка капа“, туку српска шајкача која се наоѓа во Србија. Полицијата потоа ја привела Бачкоња Филиповиќ.

Таа побарала од судијата затворската казна да ја замени со парична. Како причина навела дека нејзиниот син останал дома и плачел.

Барањето, според нејзиното сведоштво, не било прифатено.

Седум дена чекала да се јави дома

Бачкоња Филиповиќ тврди дека дури по 7 дена успеала да разговара со семејството. Во ќелијата била со уште 4 жени од Хрватска, за кои вели дека добро се однесувале кон неа.

Повеќето полицајци, според неа, биле коректни. Сепак, тврди дека имало и провокации.

Побарала за нејзиното затворање да биде известена Амбасадата на Србија. Таа вели дека потпишала барање, но адвокатот подоцна ѝ кажал дека известувањето не стигнало до амбасадата.

Затворската казна ја издржувала од 21 јули до 4 август.

Бачкоња Филиповиќ вели дека фотографијата била направена во Србија и објавена на Бадник.

– Не направив ништо лошо. Не мразам никого – изјавила таа.

Поврзани содржини