14-годишно момче загина во сообраќајка во Илинден
Момчето кое возело мотор починало на лице место откако автомобил му го пресекол патот и се судриле.
Во тешка сообраќајка 14 годишно момче од скопската населба Миладиновци загина денеска во населба Марино, Општина Илинден, пренесува „Сител“.
Според неофицијални информации сообраќајката се случила денеска околу 13 часот.
Момчето кое возело мотор починало на лице место откако автомобил му го пресекол патот и се судриле.
Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.