14-ГОДИШНИК ДОПИРАЛ 4-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Го пријавиле соседите

За случајот е известен јавен обвинител, а лицето ќе биде пријавено за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, по член 188 став 5 од Кривичниот законик, информира полицијата.

461

Малолетник кој во четврокот, 10 април, допирал 4-годишно девојче ќе биде пријавен за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, по член 188 став 5 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.

Полицијата го лишила 14-годишникот од Кичево по пријава од соседите.






„Во присуство на родител, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, во ОВР Кичево со него бил извршен службен разговор“, се вели во полицискиот билтен.

За случајот бил известен јавен обвинител.

Неодамна беше поднесена кривична пријава против 15-годишник за силување на неговата 5-годишна братучетка.

Поврзани содржини