130 скопјани „летале“ по градските улици

225

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информира МВР.

– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 340 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 30 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 31, 35 санкционирани мотоциклисти, 24 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 25 казни за неносење на заштитна маска – велат од МВР.






Од таму најавија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот

 

Поврзани содржини