13 ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ВО ВРСКА СО ТРАГЕДИЈАТА ВО „ПУЛС“ Одобрени уште два обвинителни акти

Во почетокот на март почнуваат судењата за дел од полицајците обвинети за поврзаност со трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени.

60

Полицајците што спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ вечерта кога се случи трагедијата и началниците во ОВР Кочани и во СВР Штип, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа, откако Советот за оценка на обвинителен акт го одобри во целост обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против 13-те полицајци.

Во почетокот на март почнуваат судењата за дел од полицајците обвинети за поврзаност со трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени. Полицајците за кои се закажани судењата се товарат за злоупотреба на службената положба, додека 13-те полицајци што се обвинети за директна поврзаност со трагедијата, се товарат за тешки дела против општата сигурност.






Исто така, Кривичниот суд соопшти дека е прифатено обвинението против 5 физички лица за различни кривични дела и тоа Давање поткуп, Давање награда за противзаконито влијание, Примање награда за противзаконито влијание и Примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против 4 други физички и 1 правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата.

„Врз основа на двата, веќе одобрени обвинителни акти, формирани се кривично правни предмети, кои согласно АКМИ – системот ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе биде насрочена главна расправи по конкретните предмети, термините ќе бидат достапни преку Календарот за судење на веб-страницата на судот“ – соопшти Судот.

Поврзани содржини