123 милијарди долари за рестарт на авиокомпаниите во светот

Директорот на ИАТА, Александар де Жуњак рече дека Владите мора да бидат свесни дека зголемениот долг ќе има свои последици.

291

Владите ширум светот досега издвоија 123 милијарди американски долари за да им помогнат на авиокомпаниите погодени од пандемијата на коронавирус, соопшти Меѓународно здружение за воздушен превоз (ИАТА).

Притоа, 45 проценти од таа сума се состои од субвенции за исплата на плати, инвестиции во основен капитал и даночни олеснувања, а останатите 55 проценти се државни заеми што компаниите ќе треба да ги вратат, соопшти ИАТА на денешниот брифинг во Женева.






Директорот на ИАТА, Александар де Жуњак рече дека Владите мора да бидат свесни дека зголемениот долг ќе има свои последици.

– Тоа значи дека закрепнувањето ќе биде многу подолго и потешко – објасни тој.

ИАТА проценува дека вкупниот долг на авиокомпаниите ќе достигне 550 милијарди американски долари до крајот на годината. На крајот на 2019 година, тој изнесуваше 430 милијарди долари.

Поврзани содржини