120 МИЛИЈАРДИ ИСЧЕЗНАА ВО ОАЕ Конфликтот на Блискиот Исток ги тресе пазарите

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел, САД и Иран предизвика загуби од 120 милијарди долари на пазарите во Обединетите Арапски Емирати.

0

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, во кој се вклучени и САД, предизвикува сериозни економски последици за Обединети Арапски Емирати, објави „Middle East Eye“.

Според извештајот, пазарите во Абу Даби и Дубаи веќе загубиле околу 120 милијарди долари, како резултат на растечките тензии и несигурноста во регионот на Персиски Залив.






Изданието наведува дека Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со сериозен економски шок, при што конфликтот ги погодил финансиските пазари, авијациската индустрија и секторот на недвижности. Овие случувања, според анализата, ги откриваат ранливостите на економијата на земјата, која долго време се сметаше за релативно стабилна и безбедна од регионални кризи.

Тензиите во регионот дополнително ја зголемуваат неизвесноста за инвеститорите, што влијае врз тргувањето на берзите и врз туристичкиот и транспортниот сектор, кои се клучни столбови на економијата на ОАЕ.

Поврзани содржини