120 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ Цената на нафтата повторно расте

Проценки се дека цената ќе расте, бидејќи земјите од ОПЕК ја зголемија продажната цена, а нивното производство не е доволно да ги покрие потребите.

812

Цената на нафтата повторно пораснаа откако се процени дека зголемувањето на производството на ОПЕК нема да биде доволно да ги покрие потребите во светот,  а Саудиска Арабија ја зголеми продажната цена.

Нафтата „брент“ поскапе за 0,8 отсто, на 120,63 долари за барел. Фјучерсите на американската WTI нафта поскапеа исто така за 0,8 отсто, на 119,80 долари за барел.






„Саудиска Арабија ја зголеми официјалната продажна цена за својата водечка арапска лесна сурова нафта за Азија на премија од 6,50 долари наспроти просекот на одредниците во Оман и Дубаи, од премијата од 4,40 долари во јуни“, објави државниот производител на нафта Aramco.

Официјалната цена за јули е највисока од мај, кога цените достигнаа највисоко ниво на сите времиња поради грижите за прекин во снабдувањето од Русија поради санкциите поради нејзината инвазија на Украина.

Поврзани содржини