12 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ СЀ УШТЕ СЕ ВО БОЛНИЦА Еден пациент се бори за живот во Словенија

Од вкупно 12 повредени од пожарот во Кочани, кои се на болничко лекување, седуммина се хоспитализирани во странство – по двајца во Србија, Грција и во Турција, а еден во Словенија. Преостанатите 5 повредени се лекуваат во домашни болници.

302

Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, на денешната панел дискусија „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата.

– Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тие седуммина се во странство. Двајца во Србија, двајца во Грција, двајца во Турција, еден во Словенија и 5 се во земјата. Еден пациент сè уште, условно да кажам, е во тешка состојба, се наоѓа во Словенија затоа што одлучија да го рехабилитираат таму. Од другите кои се третираат, имаме 16 на плазма третмани, збогатени со тромбоцити, и без збогатување со тромбоцити, шестмина на Клиниката за пластична хирургија и 10 во „Св. Наум Охридски“. На преврски и слични третмани има 38 повредени – во болниците „8 Септември, „Св. Наум Охридски“, „Аџибадем Систина“ – и петмина во Кочани. На физикална терапија се 46 лица, од кои сите во Кочани, само 1 лице е во „8 Септември“ бидејќи му се прават и преврски и физикална терапија – истакна Клековски.






Одлуката за враќање на повредените за лекување во државата била донесена зашто има 3 болници со капацитет за соодветни здравствени третмани, а особено добри резултати дава третманот со плазма. Тој нагласи дека во Општата болница во Кочани има обезбедено медицински персонал за спроведување на физикалната терапија.

– Во Кочани имаме двајца физијатри и 4 физикални терапевти за тие 46 пациенти. Во меѓувреме, формиран е пул од 15 физијатри и од 6 физикални терапевти од Клиниката во Козле, за физикална терапија и од „8 Септември“, и тие ќе бидат на располагање на Општата болница во Кочани. Дел од овие физијатри ќе бидат вклучени во проценка на состојбата и како тече рехабилитацијата пациентите. Работната група за мониторинг на напредокот на пациентите досега оцени околу 160 повредени, а уште околу 15 пациенти не биле достапни и тие се во комуникација да бидат вклучени – додаде Клековски.

Според директорот на ФЗО, процесот за лекување на повредените ќе потрае подолг период, а седумте лекари во работната група се од клиниките кои учествувале во приемот на повредните по трагичниот пожар. На временски периоди од 1 до 2 месеца тие ќе прават оценки на напредокот на закрепнувањето повредените.

МАКЕДОНИЈА ИМА КАПАЦИТЕТ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГИ ЛЕКУВА ПАЦИЕНТИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Само еден од повредените е во тешка состојба

Поврзани содржини