117 МИЛИОНИ ЕВРА ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКАТА НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Биле исплатени за мобилизација?!

806

117 милиони евра досега биле исплатени на сметката на конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да ги гради коридорите 8 и 10д, потврди во вечерашната Топ Тема, директорот на јавното претпријатие „Државни патишта“ Ејуп Рустеми.

–  Тоа се средства за мобилизација на изведувачот – додаде Рустеми.






Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски праша, како 117 милиони евра исплаќаме авансно на корпорација која нема ставено лопата во Македонија и која не знае од каде ќе почне делницата.

– Истовремено ќе почнеме од Гостивар кон Бојкочане и од Гостивар кон Тетово, но и Прилеп – Битола. Потоа ќе почнеме со Требеништа – Струга – Ќафасан. Тоа ќе биде во декември оваа година – рече Рустеми, не одговарајќи на прашањето на пратеникот.

Тој додаде дека првите проекти се очекува на маса да бидат во јуни, по што би биле разгледани и одобрени, а изградбата на автопатите да почне кон крајот на јули.

Поврзани содржини