11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земји од Блискиот Исток каде што постои сериозно влошена безбедносна состојба.

74

По денешното ново затворање на воздушниот простор над Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од земјата се откажани, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Од МНР информираат дека според податоците добиени од македонската амбасада во Тел Авив, во моментот вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација, која, како што наведуваат, би можела да се реализира во следните денови, зависно од безбедносната состојба во земјата.






– Нашата амбасада во Тел Авив е во постојана комуникација со граѓаните и надлежните израелски институции. Во игра е и евакуација по море преку брод од Ашдод до Лимасол (Кипар) – велат од Министерството.

Оттаму потсетуваат дека на 17 јуни веќе беше реализирана евакуација на прва група граѓани со владин авион, а заклучно со 22 јуни, вкупниот број на пријавени за евакуација изнесува 27 лица. Сепак, како што појаснуваат, не сите граѓани се подготвени да заминат веднаш.

– Ќе останеме во постојана комуникација со граѓаните и целосно сме на располагање сè додека не се обезбеди нивна безбедна евакуација – соопштија од МНР.

Граѓаните кои се во Израел можат да се обратат на следните СОС броеви:

–  +389 75 273 732 / +389 75 268 736
– +972 54 500 8566 / +972 54 967 054 (Амбасада во Тел Авив)

Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земји од Блискиот Исток каде што постои сериозно влошена безбедносна состојба.

Поврзани содржини