11 КИЛОГРАМИ ОПИУМ СЕ ПРОНАЈДЕНИ КАЈ ВЕЛЕШАНЕЦ Дрогата ја продавал во дворот на куќата

523

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес.






Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Поврзани содржини