11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОВРЕДЕНО НА СКОПСКИ БУЛЕВАР Во неа удрил млад возач со „ауди“

699

Млад возач со „ауди“ удри и тешко повреди 11-годишно девојче на булевар во Скопје.

Како што соопшти полицијата, на 05.08.2025 во 22часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче од Скопје.






Девојчето се здобило со тешки телесни повреди. Било однесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поврзани содржини