100 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ ЌЕ НАДМИНЕ ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА ВО 2022 ГОДИНА Светската економија ќе порасне за 4,4 отсто

„Закрепнувањето секако ќе биде посилно“, се наведува во извештајот на ЦЕТИ, кој исто така очекува глобалниот економски раст да биде 5,5 отсто во 2021 година и 4,4 отсто во 2022 година.

397

Светското економско производство ќе надмине 100 трилиони американски долари за првпат следната година, што е две години порано од предвиденото, се наведува во извештајот на Центарот за економски и трговски истражувања (ЦЕТИ), објави Кинеската медиумска групација.

Според извештајот објавен вчера, прогнозата за 2022 година е во согласност со прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, кој прогнозира дека глобалниот БДП ќе надмине 100 трилиони американски долари во 2022 година.






„Закрепнувањето секако ќе биде посилно“, се наведува во извештајот на ЦЕТИ, кој исто така очекува глобалниот економски раст да биде 5,5 отсто во 2021 година и 4,4 отсто во 2022 година.

Во извештајот се посочува и дека во втората половина на 2021 година, недостигот од стоки, готови производи, транспортен простор и фосилни горива предизвика инфлација.

Потпретседателот на ЦЕТИ, Даглас Меквилијамс изјави дека важно прашање во текот на 2022 ќе биде како светските економии ќе се справат со инфлацијата, која веќе достигна 6,8 проценти во САД.

Поврзани содржини