🎥 10 СКИЈАЧИ ИСЧЕЗНАА ВО ЛАВИНА ВО КАЛИФОРНИЈА Шестмина се извлечени, спасувачката операција е во тек
Лавината го погоди подрачјето Касл Пик во близина на Траки, Калифорнија и затрупуа група од 16 скијачи, објавија надлежните.
Најмалку 10 скијачи исчезнаа во лавина што погоди оддалечена скијачка патека во планините Сиера Невада во Калифорнија.
Властите соопштија дека 6 скијачи се спасени во тешки снежни услови.
Автопатот во близина е затворен поради лошата видливост предизвиката од силната снежна бура.
– Потрагата по исчезнатите ќе биде бавен и тежок процес, бидејќи опасноста од нови лавини останува многу висока – изави капетанот Расел Грин од канцеларијата на шерифот на округот Невада.
Лавината го погоди подрачјето Касл Пик во близина на Траки, Калифорнија, околу 16 километри северно од езерото Тахо и затрупуа група од 16 скијачи, објави канцеларијата на шерифот на округот Невада на Фејсбук.
„Групата се состоела од 4 водичи и 12 клиенти. Најмалку 6 лица преживеале и останале на местото на лавината чекајќи спасување, а останатите се водат како исчезнати“, се наведува во соопштението.
Временските услови во Сиера Невада се опасни, а се очекуваат уште лавини.
The Nevada County Sheriff’s Office said… pic.twitter.com/2uxdPkaADb
— CBS News (@CBSNews) February 18, 2026