10 работи кои не сте ги знаеле за Северна Кореја: Имаат свој календар, јадат необична храна, слушаат „Битлси“
Многу луѓе имаат погрешни уверувања и мислат дека многу работи се забранети во Северна Кореја. Меѓутоа, ние се уверивме во спротивното уште првиот ден. Цела вечер пиевме вотка и пеевме во едно кабаре во Пјонгјанг - раскажала Јенг.
Северна Кореја е синоним за авторитет, контрола и репресија, а секојдневниот живот таму е мистерија за остатокот на светот. Меѓутоа, оваа таинствена земја годишно ја посетуваат 100.000 туристи.
Еве неколку неверојатни работи кои веројатно не сте ги знаеле за Северна Кореја:
Марихуаната е легална
Северна Кореја има нешто заедничко со Хиландија, Колорадо и Уругвај – сите држави ја легализираа марихуаната. Во Северна Кореја, конкретно, дозволено е да се купи да се пуши канабис на јавно место.
– Канабисот се одгледува ширум Северна Кореја, а владините агенции дури го извозуваат и на тој начин заработуваат – вели Сокил Парк, директор на организацијата „Liberty in North Korea“.
Алкохолот не е забранет
Изобел Јенг во 2013 година учествувала на маратонот во Пјонгјанг и известувала за некои изненадувачки аспекти за животот во Северна Кореја.
– Многу луѓе имаат погрешни уверувања и мислат дека многу работи се забранети во Северна Кореја. Меѓутоа, ние се уверивме во спротивното уште првиот ден. Цела вечер пиевме вотка и пеевме во едно кабаре во Пјонгјанг – раскажала Јенг.
Битлси се омилени, како и серијата „Family Guy“
Западната култура не е непозната во Северна Кореја, како што многумина мислат.
– Од познати реплики од „Family Guy“, до потпевнување на најголемите хитови на Битлси, па сè до дебата за играчите на Манчестер Јунајтер. Скоро сите луѓе покажуваат големо познавање на западната култура – вели Јенг.
Најписмени во светот
Според податоците на Светската книга на факти, стапката на писменост во Северна Кореја изнесува 100 проценти, односно целото население постаро од 15 години умее да чита и да пишува.
Имаат своја временска зона
Од август 2015 година, Северна Кореја живее во својата временска зона. Пјонгјанг исто така користи „џуче“ калентар, кој е ист како и грегоријанскиот календар, но се разликува по тоа што почетната година е годината во која е роден Ким Ил Сунг, односно 1912. Па така, 2020 година, според џуче календарот, е 109 година.
Имаат најголем стадион на светот
Стадионот „Први мај“ се наоѓа во Пјонгјанг и е најголем стадион на светот. Капацитетот изнесува 150.000 гледачи, а се користи за натпреварување во разни спортски дициплини. Изграден е во 1989 година.
Немаат најавторитарен режим на светот
Секоја година невладината организација „Freedom House“ ги рангира 20-те најконтролирани земји на светот. Иако Северна Кореја е исклучително авторитарна, сепак таа е трета на листата, веднаш зад Сомалија и Сирија.
Јадат необични јадења
Храната е многу вкупсна во Северна Кореја, раскажува Изобел Јенг.
– Најчестото јадење таму е кимчи, ферментирана кинеска зелка, но на менијата може да се видат и јадења од печено месо – вели Јенг.
Не е тешко да се посети Северна Кореја
Северна Кореја не е класична туристичка дестинација, но патувањето во оваа земја не е невозможно. Владата на Северна Кореја се труди да го развие туризмот. Само, не се надевајте дека ќе патувате независно и бидете подготвени да следите одредени правила. На секоја група туристи одат и двајца туристички водачи, како и возач. Индивидуалните излети по сопствена желба се забранети.
– Процесот за добивање туристичка виза за Северна Кореја е многу едноставен – вели Дилан Харис од британската компанија „Lupin Travel“.
Северна Кореја ги прифаќа организираните групи кои поднесуваат барање за виза во амбасадите. Интересно е тоа што соработката со властите на оваа земја е полесна отколку со некои други земји.
Казна за три генерации
Севернокорејскиот закон спроведува политика на „казнување три генерации“. Тоа значи дека ако некој направи злосторство, казнети ќе бидат неговите деца и неговите внуци, а казната е цел живот поминат во логор. Еден од најголемите прекршоци што може да се направи во оваа земја е обидот за напуштање на државата. За тоа дело можете да бидете убиени или да добиете продолжена казна во некој од логорите.