10 ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЦИСТЕРНИ ГАСНАТ ВО „ДРИСЛА“ Скопските пожарникари со сите сили се борат со огнот
Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.
Десет противпожарни возила со сите сили работат на гаснење на големиот пожар кој избувна попладнево во скопската депонија „Дрисла“.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, информира дека била побарана дополнителна помош од ЈП „Комунална хигиена“, од каде се пратени две цистерни за дотур на вода кои ги надополнуваат противпожарните возила на терен.
– Се надеваме дека за брзо време пожарот ќе биде целосно изгаснат – изјави Томевски.
Иако бил побаран авион на Дирекцијата за заштита и спасување за помош при гасењето, за жал, немало услови за интервенција од воздух.
Командантот Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири кон околната борова шума и да предизвика дополнителен шумски пожар, којшто можел да ги загрози и блиските објекти.
Противпожарните екипи, како и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“, продолжуваат со интензивна интервенција, а граѓаните се повикуваат на внимателност и избегнување на близината на депонијата додека пожарот не биде целосно локализиран.
📽️ ПОСТОИ СОМНЕЖ ДЕКА ПОЖАРОТ ВО „ДРИСЛА“ Е ПОДМЕТНАТ Депонијата гори, густ чад се издига над Скопје