10 помалку познати факти за Џо Бајден: Како мал пелтечел, обожава чоколаден сладолед
На 29 години бил најмладиот човек кој што некогаш бил избран во Сенатот во САД. До моментот на давање заклетва го исполнил својот услов за возраст од 30 години.
Денеска треба да се одржи инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден. А во продолжение ви претставуваме 10 помалку познати факти за новиот американски шеф на државата.
1. Учествувал во пишувањето и се залагал за Законот за насилство над жените.
2. Како мал пелтечел, но рецитирал поезија за да ја совлада говорната маана.
3. Во декември 1972-та година, сопругата на Џо Бајден, Неилија и неговата едногодишна ќерка Наоми загинале во сообраќајна несреќа. Неговите двајца постари синови исто така биле повредени во несреќата. Бајден тогаш првпат бил избран за во Сенат, но наместо да се пресели во Вашингтон тој секојдневно патувал со воз за да може да помине повеќе време со своите синови.
4. Откако ја загубил својата сопруга и ќерката во сообраќајната несреќа, Џо Бајден положил заклетва за Сенатот пред болничките кревети на своите синови.
5. На 29 години бил најмладиот човек кој што некогаш бил избран во Сенатот во САД. До моментот на давање заклетва го исполнил својот услов за возраст од 30 години.
6. Тој е вториот католички претседател во историјата на САД. Џон Ф. Кенеди бил првиот.
7. За себе вели дека не пие, не пуши, не се дрогира, но обожува сладолед и тоа од чоколадо.
8. Во 1998-та година првпат се кандидирал за претседател на САД, а вторпат во 2008-та година.
9. Бајден (77) е најстариот претседател на САД кој што некогаш бил избран.
10. Има две кучиња, домашни миленици кои што припаѓаат на расата германски овчар.