10 факти за Александар Македонски: Имал различни очи, се миел со раствор од шафран, имал две жени
Александар Македонски успеал да го освои најголемиот дел од дотогаш познатиот свет, а во исто време бил крал на Македонија, египетски фараон, крал на Персија и крал на Азија.
Александар Македонски или Александар Велики, како што го нарекувале неговите војници, секогаш е инспирација за истражување.
Војсководецот кој обележал еден период од историјата, роден е 365 година пред нашата ера. Различните извори наведуваат различни датуми, но најчесто се споменуваат 20, 21 и 22 јули, како датуми на кои тој дошол на овој свет, а кој во подоцнежните години и го освојувал.
Инспирирани од историските истражувања и народни приказни за Александар Македонски, неговиот начин на живот и начинот на кој инспирирал луѓе, секогаш можете да прочитате интересни работи.
Издвојуваме 10 интересни факти кои до сега не сте ги знаеле:
– Александар Македонски успеал да го освои најголемиот дел од дотогаш познатиот свет, а во исто време бил крал на Македонија, египетски фараон, крал на Персија и крал на Азија.
– Гај Јулиј Цезар, Марк Антониј и Октавијан Август, секој во своето време, учествувал на аџилак до местото во Александрија, кое го сметале за негово гробно место.
– Иако таму има импозантен саркофаг, кој многу луѓе доаѓаат да го посетат, вистинското место каде што е погребан Александар сè уште е тема на спор меѓу историчарите и археолозите.
– Тој се смета за основач на најмалку 70 градови, од кои 20 се именувани по него, а еден дури и по неговиот коњ, Букефал.
– Тој редовно ја миел косата во раствор од растението шафран, со цел да го задржи сјајот и бојата како сонце, која ја имал.
– Тој не бил толку обожуван од луѓето за време на неговото владеење, како што бил обожуван по неговата смрт. Многумина дури го сметле за тиранин и за пијаница.
– Откако ја освоил Персија на Дариј, почнал да се облекува како Персиец, а историјата вели дека зел и две Персијки за негови жени.
– Научниците кои го истражувале неговиот живот дошле и до заклучок дека имал хетерохромија, што значи дека едното око му било кафено, а другото сино.
– Тој го добил прекарот „Велики“ од своите војници, кои за разлика од луѓето, му се восхитувале и го сметале за неспоредлив командант и водач.
– Од шесте сина на Фидел Кастро, дури тројца биле именувани по Александар Велики: Алексис, Алехандро и Александар.