1,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТРИ ВО СКОПЈЕ И ВО ШТИП Предлог-буџетот предвидува и 6 милиони евра за генерална реконструкција во здравствените установи

Македонија инвестира во здравјето и благосостојбата на своите граѓани, 15 милиони денари за болница во Кичево, како и скоро 370 милиони за генерална реконструкција и доградба на јавно-здравствените установи низ Македонија. Недвосмислен чекор напред кон подобро, современо и ефикасно здравство за секого, вели пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ во интегралната изјава.

0

Во предлог-буџетот за идната година, предвидени се повеќе од 112 милиони денари за изградба на нов клинички центар во Скопје и во Штип, се наведува во денешното соопштение од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија инвестира во здравјето и благосостојбата на своите граѓани“, вели пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ во интегралната изјава.






„15 милиони денари за болница во Кичево, како и скоро 370 милиони за генерална реконструкција и доградба на јавно-здравствените установи низ Македонија. Недвосмислен чекор напред кон подобро, современо и ефикасно здравство за секого.

Паралелно, се продолжува со систематско финансирање на јавните здравствени установи, како и на голем број целни програми, меѓу кои:

За лекување на ретки болести 1,08 милијарди денари,

Обезбедување инсулин за пациенти- 860 милиони денари.

Превентивните програми за туберкулоза се зголемуваат за 2.5 милиони денари, додека пак програмата за крводарителство расте и е зголемена за 2 милиони денари.

Посветеноста на Владата кон здравјето на секој еден е јасна и недвосмислена.

Идната, 2026-та граѓаните добиваат повеќе, а системот станува одржлив.

Буџетот обезбедува континуитет на најважните здравствени програми, подобри услови за здравствените работници, поддршка за најранливите со повеќе средства во клучните програми, како и многу други позитивни придобивки“, се вели во интегралното соопштение.

Поврзани содржини