📸 1.500 СРПСКИ ВОЈНИЦИ ВЕЖБАА Повеќе од 300 борбени средства се ангажирани во „Огнен удар 2024“

Се вежба извршување борбени дејства со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана.

387

Српската армија ја изведува тактичката вежба „Огнен удар 2024“ на полигонот „Пасуљанска ливада“. Маневрираа околу 1.500 војници и повеќе од 300 борбени средства, вклучително и оние што се во процес на модернизација, развој и тестирање.

„Се вежба извршување борбени дејства со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка“, соопшти српското Министерство за одбрана.

 






Општите цели на вежбата се подобрување на способноста за собирање и дистрибуција на разузнавачки податоци, зголемување на ефикасноста на огнената поддршка на современото бојно поле и проверка на функционалноста на организацијата и единиците на армијата.

Во вежбата учествуваат единици на копнената армија, воздухопловство, противвоздушна одбрана, сили за специјални операции и контраелектронско војување и експерти од Воено-техничкиот институт, јавува „Нова.рс“.

 

Вежбата ќе трае две недели. Врз основа на вежбата ќе се утврдат ограничувањата и потребите за развој на нови тактички принципи, ќе се проверува можноста за заштита и одбрана од напади од воздушен простор и ќе се утврдат потребите за развој на нови софтверски и хардверски решенија.

Денеска српскиот претседател Александар Вучиќ информираше дека на 5 и на 20 јуни албански дронови „Бајрактари“ имале намера да ја извидуваат српската војска.

АЛБАНСКИ ДРОНОВИ „БАЈРАКТАРИ“ ЈА НАБЉУДУВАА ПОЗИЦИЈАТА НА СРПСКАТА ВОЈСКА Зголемени дејствија на летала со извидувачки намери кон Србија

 

Поврзани содржини