1,5 МИЛИОНИ ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ ЗА ТУРЦИЈА И ЗА СИРИЈА Рош испраќа донација во лекови и во пари
Донацијата содржи и 120.000 пакувања rocephin, клучен антибиотик кој се користи за лекување многу видови бактериски инфекции и еден од есенцијалните лекови според Светската здравствена организација.
Рош испраќа донација за Турција и за Сирија со вкупна вредност од 1,5 милиони швајцарски франци која вклучува лекови, други производи и финансиска поддршка. Меѓу другото, донацијата содржи и 120.000 пакувања rocephin, клучен антибиотик кој се користи за лекување многу видови бактериски инфекции и е еден од есенцијалните лекови според Светската здравствена организација. Покрај тоа, компанијата планира да донира и неопходни материјали за пациентите со дијабетес.
Рош изразува длабоко сочувство за лицата погодени од разорниот земјотрес во Турција и во Сирија што се случи на 6 февруари 2023 година и посветено работи на поддршка на народот на Турција и на Сирија со медицински производи во согласност со целокупната мисија на Рош.
– Нашите мисли се со лицата погодени од оваа трагедија и нивните семејства. Имаме информација дека сите наши вработени се безбедни. За оние колеги од Рош кои ги загубија своите домови, Рош ќе обезбеди привремено сместување и активно ќе ги поддржува – велат од компанијата.
Рош е основана во 1896 година во Базел, Швајцарија, како еден од првите индустриски производители на брендирани лекови. Рош прерасна во најголемата светска биотехнолошка компанија и лидер во светот во ин-витро дијагностика.