1.200 МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ЗА РУСКИ ФИРМИ Најмногу вработени има „Лукоил“
Анализата на податоците што ја направи порталот „Пари“ покажува дека во компаниите со руско потекло на капиталот, има околу 1.250 вработени и тие во 2020 година направиле вкупен приход од над 210 милиони евра.
Во Македонија има околу 70 компании во кои има руски капитал, покажуваат податоците од платформата бизнисмрежа.мк.
Најпознати, секако се Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје и Друштвото за трговија со нафти и нафтени деривати „Лукоил“. Но, покрај нив, тука се и многу други фирми, и речиси сите се микро и мали компании.
Анализата на податоците што ја направи порталот „Пари“ покажува дека во компаниите со руско потекло на капиталот, има околу 1.250 вработени и тие во 2020 година (за 2021 година сѐ уште нема податоци) направиле вкупен приход од над 210 милиони евра. Секако, за тоа се најзаслужни двете најпознати руски компании во државава – „ТЕ-ТО“ и „Лукоил“. Од другите фирми, со над 1 милион евра приход се 3 компании, а со приходи под 3 милиони денари (под 48.780 евра) се дури 50-тина фирми. Анализата покажа и дека 49 компании имаат управител кој е руски државјанин, а на дел од овие компании матичната компанија која е „надлежна“ за компанијата – ќерка во Македонија, не е регистрирана во Русија.